Дома Фудбал Англија Јувентус ја одби богатата понуда од Ливерпул за дефанзивецот

Јувентус ја одби богатата понуда од Ливерпул за дефанзивецот

Торински Јувентус наводно одбил голема понуда од Ливерпул за турскиот дефанзивец Демирал.

Црвените се во потрага за стопер поради големиот број повредени дефанзивци, а раководството на тимот од Енфилд го контактирале Јувентус.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


За 22 годишниот Демирал понудиле дури 45 милиони фунти. Сепак, Јувентус таа понуда ја одбил бидејќи сметаат дека турскиот дефанзивец вреди повеќе.

Останува да видиме дали Ливерпул ќе испрати нова понуда за дефанзивецот на Старата дама или до крајот на преодниот рок ќе се обидат да најдат друго решение.

Демирал во Јувентус оваа сезона не е стандарден. Настапи на 14 натпревари, од кои девет одигра во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…