Никола Јокиќ со одличните настапи за Денвер стана еден од најплатените спортисти не само во регионот туку и во Европа. Неодамна тој се „поднови“ со Ролс Ројс во вредност од 500.000 долари.
Ролс Ројс Калинан е првиот автомобил на Јокиќ од оваа компанија. Станува збор за автомобил кој има погон на сите четири тркала и од „0 до 100“ развива за 4.8 секунди. Информацијата за новиот автомобил ја откри неговиот соиграч Вил Бартон кој објави заедничка фотографија со српскиот кошаркар.
Коментари