Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и Мареј го одржуваат Денвер во живот, Клиперси убедливи против Далас ?

Јокиќ и Мареј го одржуваат Денвер во живот, Клиперси убедливи против Далас ?

Два дена откако постигна 50 поени, Џамал Мареј одигра натпревар со нови 42 и го одведе Денвер до победа против Јута 117:107 со која го намалија заостанувањето во серијата на 3:2 и барем засега се спасија од испаѓање. Во вториот натпревар Клиперси го победија Далас за исто така предност од 3:2.

Мареј од игра погодуваше 17/26, четири од осум за три поени и сите четири слободни фрлања, а имаше и по осум скокови и асистенции. Стана првиот играч во НБА кој на два натпревари во низа во плеј-офот успеал да постигне барем 40 поени без ниту една изгубена топка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Никола Јокиќ исто така одигра добар натпревар со 31 поен, а посебно беше одличен во првата четвртина во која постигна 21 поен со шест тројки, без промашување од игра (8/8). Последната тројка ја погоди од повеќе од осум метри со звукот на сирената.

Клиперси го декласираа Далас со 154:111 и така дојдоа на победа од пласман во плејофот. Уште во првата четвртина Клиперси ја најавија победата бидејќи водеа со 41:22. Далас ниту еднаш не успеа да го превземе водството, па заслужено беа поразени.

Пол Џорџ беше најефикасен со 35 поени, три скока и две асистенции, Ленард постигна три поени помалку и додаде седум скока и четири асистенции. Лука Дончиќ кај Далас натпреварот го заврши со 22 поени, осум скока и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…