Денвер и Феникс се пласираа во полкуфиналето од плеј-офот на Западот во НБА лигата.
Во петтиот натпревар од плеј-оф рундата Денвер ја совлада Минесота со 112:109 и така ја доби серијата со Минесота од 4:1. Деневер го предводеше Џамал Мареј со 35 поени, Јокиќ повторно беше одличен со трипл-дабл од 28 поени, 17 скока и 12 асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Феникс кој ќе биде противник на Денвер до полуфиналето стигна исто така по пет натпревари и победа од 4:1 против Клиперс (136:130). Девин Букер одигра фантастичен натпревар постигнувајќи 47 поени.
Атланта го победи Бостон со 119:117 со што успеаа да останат во игра и да намалат на 2:3 во серијата. Трае Јанг постигна решавачка „тројка“ на 2.8 секунди пред крајот, додека Џејлен Браун уфрли 35 поени, додавајќи пет асистенции.