Дома Фудбал Јери Мина откри како губел дневно по 50 евра поради Меси и Суарез

Јери Мина откри како губел дневно по 50 евра поради Меси и Суарез

mina suarez messi

Стоперот на Барселона Јери Мина (23) го воодушеви фудбалскиот свет со својот настап на Светското првенство во Русија, Колумбиецот постигна три погодоци на четири натпревари, што воопшто не е вообичаено за играч на неговата позиција.

Мина во јануари оваа година пристигна во редовите на каталонскиот гигант. Мина во соблекувалната на Барса за духовит човек кој е секогаш спремен за шеги, но и натпреварување.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во својата последна изјава тој откри како губел по 50 евра на почетокот секој ден на тренинзите поради Меси и Суарез.

„Кога прв пат дојдов во клубот, започнав да се обложувам со Лео Меси и Луис Суарез со цел да создадам добра атмосфера. Целта беше подобро да изведете слободен удар, но секој ден губев по 50 евра. Тогаш сфатив: Чекај, па јас нив им плаќам шопинг секој ден! Морав да го намалам влогот, но тие се чудовишта кои можат да ја испратат топката каде ќе посакаат. Колку што се добри на теренот, исто толку се и добри луѓе“, откри Мина.

Мина во Барса не се снајде баш најдобро кога е играта на теренот во прашање, но после одличниот Мундијал сигурно дека неговата самодоверба е поголема. Во последно време интерес за неговите услуги покажуваа Манчестер Јунајтед и Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…