„Кралевите“ не стартуваа најдобро, шпанскиот гигант веќе забележа две нерешени средби, против Валенсија и Леванте, очигледно е дека клубот има проблем во одбраната и нападот.
Кога во прашање е одбраната Зидан веќе избра мета, фудбалерот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорт, кој би можел веќе во јануарскиот преоден рок да ги засили редовите н клубот од Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за талентираниот Французин покажа и Барселона, многумина веруваа дека Ернесто Валверде ќе биде човекот на одлука, со оглед на тоа дека тој веќе соработуваше со овој фудбалер на „Сан Мамеш“.
Но, наводно Лапорт ја одбил Барса и сака трансфер во редовите на актуелниот шампион на Европа и Шпанија, Реал Мадрид.
Лапорт во својот договор има откупна клазула, која изнесува 57 милиони фунти, што ако се погледне денешната ситуација во фудбалот воопшто не е преголема сума.