Дома Актуелно Јаја Туре ја игра последната сезона за Манчестер Сити

Јаја Туре ја игра последната сезона за Манчестер Сити

Искусниот фудбалер после скоро осум години ја завршува својата ера во Манчестер Сити, потврди менаџерот на овој клуб Пеп Гвардиола.

Туре во Манчестер Сити пристигна во 2010 година од Барселона за 27 милиони евра, а договорот кој му истекува за два месеци дефинитивно нема да биде продолжен и веќе наредната недела ќе биде одигран ревијален натпревар во негова чест.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Заминувањето на Туре за англиските медиуми го потврди и Пеп Гвардиола кој не штедеше пофални зборови за играчот за врска.

„Јаја пристигна на почетокот на овој проект. Ние денес сме на ова место поради сето она што тој го направи за клубот“, изјави Шпанецот.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска со „граѓаните“ освои две титули шампион на Англија и забележа вкупно 229 настапи во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Лига на шампиони 2025/26 – Се она што сакате да знаете, а нема кого да прашате

Зад нас е неверојатно лето и покрај фактот што немавме некое големо спортско натпреварувањ…