Дома Македонски спорт Јануари е месец за ракомет: Македонија денес го започнува новото Европско првенство

Јануари е месец за ракомет: Македонија денес го започнува новото Европско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија денес го отвора 16. Европско првенство во машка конкуренција.

Прв противник на Македонија е моќната Франција против која играме од 18:00 часот, а овој натпревар е посебен затоа што ќе се игра на стадионот во Дизледорф „Меркур Шпил-Арена“ кој во овој момент е претворен во ракометна арена. Натпреварите на македонската селекција ќе може да ги следите на МТВ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Минуваме низ смена на генерација и овојпат имаме многу нови играчи со нас. Тие треба да научат како е да се игра на највисоко ниво, иако некои од нив играат во Лигата на шампионите на ЕХФ веќе неколку години. Ова е шанса да играат вакво натпреварување, а ние веќе сме среќни што се квалификувавме“, најави пред овој натпревар селекторот Лазаров.

На овој натпревар ќе биде поставен рекорд по бројот на посетеност бидејќи ќе го гледаат повеќе од 53.000 гледачи, исто како и во следниот натпревар кој домаќинот Германија ќе го игра против Швајцарија.

На официјалната страна на Европското првенство објавено е и видео на кое може да се види како течело градењето на ракометниот терен на стадионот.

Македонија по првиот натпревар во Дизелдорф се сели во Берлин каде што ќе ги одигра преостанатите две средби од групата против Германија и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…