Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин вели дека и пред мечот знаел дека неговиот тим ќе доминира во дуелот против Италија.
Швајцарија ја победи Италија со 2:0 во осминафиналето и заслужено се пласира во четвртфинале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова што се случува на овој турнир е неверојатно. Уживавме на секој стадион. Големи пофалби за навивачите. Знаев дека ќе ги прегазиме ако Италијанците играат со четворица во одбраната. ЕВРО 2024 има многу силни екипи, а ние минавме непоразени низ групната фаза и игравме добро. Натпреварот со Германија покажа дека можеме да се носиме со најсилните тимови. Покажавме дека не само што можеме да се браниме, туку можеме и да напаѓаме и да доминираме“, изјави Мурат Јакин.