Дома Останати Кошарка Ѕвер од играч: Лилард со рекорд на франшизата од 59 поени – ги носи Потрланд во плејоф доигрувањето

Ѕвер од играч: Лилард со рекорд на франшизата од 59 поени – ги носи Потрланд во плејоф доигрувањето

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Демијен Лилард, ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Бекот на Портланд на натпреварот со Јута (101:86) постави рекорд на франшизата со 59 постигнати поени.

Портланд ќе го освои осмото место во Западната конференција и ќе игра против Голден Стејт во првото плејоф коло, откако славеше над Јута и стигна до скор од 40 победи и исто толку порази.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Портланд има две победи и натпревар повеќе од Денвер, кој се наоѓа на деветтото место на Западот.

Лилард одигра неверојатен меч против екипата од Солт Лејк Сити, постигна 59 поени (9/14 за три), на кои придодаде 6 скока и 5 асистенции. Импресивен е податокот дека Лилард мечот го заврши без загубена топка и без направена лична грешка, иако на теренот мина 42 минути.

Изминатата ноќ по повеќенеделната пауза на терените се врати и Кевин Дурент, кој имаше учинок од 16 поени, 10 скокови и 6 асистенции во победата на Голден Стејт над Њу Орлеанс 123:101.

Голден Стејт го предводеше Клеј Томпсон со 20 поени, а натпреварот го „прескокна“ Стеф Кари.

На останатите натпревари: Клиперси го совладаа Сан Антонио 98:97, Индијана го надигра Орландо 127:112, Бостон го победи Шарлот 121:114, Чикаго загуби во Бруклин 107:106, а Вашинготн славеше во дуелот со Мајами 106:103.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ужасни вести за финалистите од НБА. Останаа без најдобриот играч за следната сезона

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС официјално потврдија дека нивниот најдобар играч, Тајрис Халибартон, ќе п…