Интер сака во зимскиот преоден рок да го засили нападот, а прва желба е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.
Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот пропадна во последен момент кога агентот ги промени условите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и би можел да се пресели во Милано, но во дресот на Интер.
„Нероаѕурите“ се силно заинтересирани за иранскиот напаѓач и сакаат да го доведат во јануари за симболична сума.
Агентот на напаѓачот за италијанските медиуми потврди дека Тереми сака да се пресели во Интер и се надева дека Порто ќе го пушти.