Дома Трансфер зона Ѕвездата на Парма се сели во Милан

Ѕвездата на Парма се сели во Милан

Директорот на Милан, Паоло Малдини е воодушевен од квалитетите од младата ѕвезда на Парма, Енцо Бернабе и сака да го доведе на „Сан Сиро“.

Овој 20-годишен офанзивен играч за врска оваа сезона избори место во првиот тим на „млекарите“ и импресионираше со своите партии.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанецот во 2018 година потпиша за Манчестер Сити и таму помина три години, а минатото лето се пресели во Парма.

Бернабе има договор со Парма до јуни 2024 година, а Милан е спремен да понуди 10 милиони евра за да ја победи конкуренцијата бидејќи за играчот силен интерес покажува и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…