Милан сезоната ја заврши на 5-то место во Серија А и не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампиони, па сигурно ќе има големи промени на „Сан Сиро“.
Денес стигна потврда дека клубот ќе го напуштат тренерот Гатузо и спортскиот директор Леонардо, но тие нема да бидат единствените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тиму Бакајоко кој минатото лето пристигна од Челзи на едногодишна позајмива со порака преку Инстаграм се прости од навивачите и „Сан Сиро“.
„Росонерите“ имаа опција да го откупат неговиот договор за 35 милиони евра, но не се одлучија на таков потег.
„Разочаруваењето што не се пласиравме во ЛШ нема да ги избрише сите убави моменти. Ви благодарам за поддршката која беше убава и искрена после тешкиот старт. Благодарам за љубовта која ми ја покажавме во тешките моменти. Ви благодарам што го направивме Сан Сиро уникатен стадион и што пеевте песна за мене. Ви благодарам за убавите спомени кои ќе ги паметам засекогаш. Форца Милан“, напиша Бакајоко.