Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја започна 423. недела на врвот на АТП листата и таму ќе остане барем во следните две недели, иако во моментов не настапува на мастерсот во Мадрид.
Дали Ѓоковиќ ќе остане лидер ќе зависи од резултатот на Ролан Гарос. Изминатата недела српскиот тенисер остана без 45 поени кои ги освои во Бања Лука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Рим, Новак ќе брани 180 поени што значи дека може и да ја зголеми разликата. Зад Новак е Јаник Синер со 8.660, па потоа следи Карлос Алкараз со 8.145 бодови.
Доколку Синер успее да го освои турнирот во Мадрид ќе има 9.660 поени и веќе посериозно ќе се доближи до Ѓоковиќ.