Дома Останати Тенис Ѓоковиќ демантира: Јас и Пике не сме партнери

Ѓоковиќ демантира: Јас и Пике не сме партнери

0
djokovic

Неодамна во медиумите се појавија информации дека Новак Ѓоковиќ е партнер со фудбалерот на Жерар Пике.

Имено, сите светски медиуми пишуваа дека Србинот заедно со дефанзивецот на Барселона инвестираат во промени во Дејвис купот. Сепак, Новак во последното интервју ги поздрави промените, но и додаде дека се изненадил кога прочитал за неговото партнерство со фудбалерот.

„Не сум дел од никаква група која го финансира таквиот проект и не сум партнер со Жерар Пике, навистина се изненадив кога во медиумите прочитав за таквите информации. Да, пријатели сме со Пике често пати сме во контакт, тој доаѓа на турнирите, но повторно ќе повторам помеѓу нас не постои никакво деловно партнерство. Можам да кажам само дека ја поздравувам одлуката за промени“, изјави српскиот тенисер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ опширно го објасни успехот: Беше тоа меч за век и векови, ќе го паметам до крајот на животот

Спуштена е завесата на уште еден Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го однесе петтиот пехар од лондон…