Легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер скоро седум години е во тешка состојба, но за неговото здравје не се знае многу.
За состојбата во која е Шумахер малку се знае. Нема никакви официјални информации, понекогаш само некој кој е близок на семејството открива по нешто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна неговиот голем пријател Жан Тод откри дека често одел кај Шумахер и дека заедно гледале една трка, меѓутоа за неговата здравствена состојба не кажа ништо.
Затоа поранешната сопруга на славниот шеф во Ф1 Флавио Бриаторе, Елизабета Грегорачи откри некои детали.
„Михаел не зборува, комуницира само очите. Само три лица смеат да го посетат и јас знам кои се тие“, изјави Грегорачи.