Дома Фудбал Останато Шукер: Реал Мадрид повторно ќе игра во финалето од Лигата на шампионите

Шукер: Реал Мадрид повторно ќе игра во финалето од Лигата на шампионите

Претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз смета дека Реал Мадрид и оваа година може да игра во финалето на Лигата на шампионите.

Според Шукер овој тим на Зидан има и тоа како големи шанси за такво нешто.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Не се сомневам дека Реал Мадрид може да стигне до финалето од Лигата на шампионите во Киев. Овој тим знае како да се игра во Лигата на шампионите“, изјави Шукер за „Марка“.

„Лигата на шампионите е поинакво натпреварување, ако Реал Мадрид е во форма тогаш можат да го победат секој противник, тоа го покажа против Јувентус минатата година. Не сакам да ја коментирам нивната ситуација во шпанското првенство и нема да му давам совети на Зидан, тој е одличен тренер и знае како да го води тимот“, заврши Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вирц не е единствен: Баерн Минхен избра уште едно засилување од Леверкузен

Со заминувањето на Чаби Алонсо се очекува да си заминат и најголемите ѕвезди на Баер Левер…