Дома Фудбал Италија Што се случуваше на клупата на Милан? – Кеси сакаше да се пресмета со Биља! (ВИДЕО)

Што се случуваше на клупата на Милан? – Кеси сакаше да се пресмета со Биља! (ВИДЕО)

Интер вчера го победи Милан во супер интересно градско дерби со 2:3.

На клупата на Милан очигледно вчера владееше голема тензија. Посебно интересно беше кога Кеси излегуваше од игра, а Биља му дофрли некаков коментар кој целосно го извади од такт. Кеси реагираше навистина бурно, тогаш реагираа Абате и Родригез кои спречија поголем инцидент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


https://youtu.be/WElEU0liu88

На конференцијата после натпреварот, Џенаро Гатузо го коментираше она што се случуваше на теренот, но и ситуацијата со Биља и Кеси.

„Првото полувреме константно бевме под притисок и не можевме да ја играме нашата игра. Во второто полувреме успеавме да се ослободиме, но не ни одеше. Создававме прилики, меѓутоа остававме простор и за нивни акции. Секако дека поразот ме боли“, изјави Гатузо.

Потоа следуваше коментар за инцидентот.

„Немаше место за тоа. Јас сум тренер морам да водам сметка за дисциплината. Можете да ја критикувате мојата тактика, но јас својата кариера ја изградив на почит и групна етика, претставувајќи го дресот кој го носам. Моето мислење ќе го кажам во наредните неколку дена“, гласеше коментарот.

Познавајќи го карактерот на Гатузо и воопшто не е исклучена можноста некој од Биља и Кеси да заработи казна (во зависност кој е виновникот), а можеби и двајцата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…