Рома изненади со одлуката да го ангажира Џек Родвел кој во наредите денови и официјално би требало да стане играч на Рома.
Римскиот клуб има големи проблеми со повредените играчи поради што експресно мораше да реагира. Потврдено е дека англискиот фудбалер Родвел пристигнал на лекарски прегледи и наскоро се очекува да биде промовиран како фудбалер на „волчицата“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Родвел веднаш би можел да игра за Рома бидејќи од летото е слободен играч откако го напушти Блекбурн. Овој 28 годишен играч за врска некогаш беше голема надеж, но не ги исполни очекувањата.
Но, италијанските медиуми пренесуваат дека тој не е единствениот играч кој ќе ја засили Рома во наредните денови. Шанса за договор со Рома ќе добие и репрезентативецот на Лихтенштајн, Марсел Букел кој тренира со екипата.
Тој исто така е слободен играч откако му истече договорот со Емполи.
Двајцата играчи играат на позицијата играч за врска, позиција која е и тоа како критична откако се повредија Пелегрини, Микхтаријан, Кристанте, Диавара и Запакоста.