Дома Актуелно Што прави Робен во тренинг центарот на Баерн? (ФОТО)

Што прави Робен во тренинг центарот на Баерн? (ФОТО)

Холандскиот репрезентативец Арјен Робен е фотографиран на еден од терените на кои тренира Баерн.

Робен после 10 години минатото лето го напушти Баерн, но и понатаму е слободен играч. Со оглед на тоа дека во јануари наполни 36 години се поставува прашањето дали одличното крило има намера да ја продолжи кариерата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Работната етика кај Робен останала иста и ја одржува кондицијата, но германски „Билд“ тврди дека тоа не значи дека ќе се врати во фудбалот, туку Холанѓанецот сака само да биде во форма.

На навивачите на Баерн им беше необично да го видат Робен као тренира со клубот.

Посебно внимание овие фотографии привлекоа поради изјавата на Робен неодамна со која потврди дека Баерн имал обид да го врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Валенсија игра во одлична форма – седум меча по ред не знае за пораз (Видео)

Фудбалерите на Валенсија продолжуваат со импресивната низа без пораз, откако денеска одигр…