Вардаровиот голман, Шпанецот, Арпад Штербик како што е познато е повикан од селекторот Жорди Рибера, откако итно беше побарано да биде златен ас за „Фурцијата“.
Утре Шпанија ќе го одигра полуфиналниот меч против Франција, а Штербик е замената за повредениот Гонзало Перез де Варгас, кој ннеочекувано ги заврши своите настапи на шампионатото по повредата на мечот против Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дојдов овде во Загреб да им помогнам на колегите од репрезентацијата, но ќе видиме што ќе се случи, иако тренирав, немам одиграно натпревар од 14. декември. Сепак, дојдов за да освоиме медал и сигурен сум дека можеме да успееме во тоа. Мора набрзина психолошки да се подготвам, да се адаптирам на првенството и да зборувам само за ракомет. За нешто повеќе од 24 часа е тешко да влезеш во ритам пред ваков натпревар“,истакна Штербик.