Германците стигнаа до нови информации.
Познато е дека Манчестер Сити го посакуваше Пеп Гвардиола во своите редови уште кон крајот на 2015 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Шпанецот на крајот заврши во редовите на нивниот градски ривал Сити, а германски „Дер Шпигел“ открива како „граѓаните“ успеале да ја победат конкуренцијата.
Имено, според нивните информации, Гвардиола договорот со тимот од „Итихад“ го потпишал само два месеци од почетокот на неговата последна сезона на „Алијанц Арената“.
Дека Гвардиола после завршувањето на сезоната 2015/2016 кариерата ќе ја продолжи во редовите на Манчестер Сити беше објавено во февруари 2016 фодина, а до последен момент на „Олд Трафорд“ се надеваат дека поранешниот тренер на Барселона може да го наследи Ван Гал.
Сепак тие не знаеле дека Гвардиола уште во октомври 2015 година наводно потпишал договор со „граѓаните“ само два месеци од почетокот како што подоцна се покажа на неговата последна сезона во Баерн.
Не е разјаснето дали за тоа биле свесни во клубот од Минхен кои информацијата дека Гвардиола заминува ја објавија на 20-ти декември таа година.
Според информациите на „Шпигел“ Гвардиола за првата сезона добил околу 15 милиони евра, додека минатата заработил околу 19 милиони евра.
Ова лето потпиша нов договор со клубот од „Итихад“ и би требало да остане уште три сезони.