Фудбалерите на Барселона во 21-то коло во Примера на гости кај Жирона славеа со 2:0 и така го задржаа првото место на табелата.
Барса до 15-тата победа вкупно осма во низа стигна со погодоците на Семедо и Меси, додека домаќините од 51-та минут играа без исклучениот Еспиноса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси повторно успеа да постигне погодок и така да се зацврсти на врвот на листата стрелци во Ла Лига. Исто така, Аргентинецот натпреварот можеше да го заврши и со асистенција доколку во листата на стрелци се запишеше Кутињо.
Бразилецот играше од првата минута и уште еднаш разочара со своето издание.
Кутињо веќе подолго време не е во плановите на Валверде, а вчера заигра од првата минута поради повредата на Осман Дембеле. Сепак, шансата не ја искористи.
Најскапото засилување на Барселона против Жирона не реализираше два зицери. После натпреварот следуваа критики од навивачите, не го штедеа ниту новинарите.
Утрово „АС“ објави вест дека соиграчите го игнорираат Кутињо, дека не сакаат да му додаваат кога е во добри ситуации. Се тврди дека Кутињо добил многу помалку топки против Жирона отколку што е случај вообичаено. Но, за негова жалост и кога ја имаше топката не направи ништо значајно.
Кутињо минатата година ова време направи трансфер од Ливерпул во Барселона за сума од 130 милиони евра, што е најголем трансфер во историјата на каталонскиот клуб.
Фелипе Кутињо со Барселона има договор до 2023 година. Во досегашниот престој во Каталонија настапи на 46 натпревари, постигна 16 погодоци и запиша 10 асистенции.
Coutinho 'being ignored' as Messi is accused of refusing to pass to Barcelona teammate https://t.co/QfNFSpow4G pic.twitter.com/71vaHcgGgK
— Mirror Football (@MirrorFootball) January 27, 2019