Дома Фудбал Шпанците тврдат: Кунде останува нерегистриран!

Шпанците тврдат: Кунде останува нерегистриран!

Oвие денови чудна е ситуацијата во Барселона. Одличниот преоден рок на крајот би можел да се претвори во кошмар.

Пред два дена се појави информација дека новите играчи се уште не можат да бидат регистрирани, дури се најавуваше и можно заминување на Кеси и Кристенсен. Денес медиумите во Шпанија пренесуваат дека стоперот Жил Кунде кој дојде од Севиља нема да биде регистриран за стартот на Примера.

Екипата на Чави утре го дочекува Рајо на „Камо Ноу“, навивачите очекуваат на дело во првиот официјален натпревар да ги видат Левандовски, Рафиња, Кеси, Кристенсен и Кунде, меѓутоа засега ништо не се знае кој од нив ќе биде регистриран.

Денес беше објавено дека Лапорта обезбедил уште 100 милиони евра, меѓутоа се уште нема одоговор од Ла Лига дали тие ќе бидат доволни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…