Дома Фудбал Останато Шпанците тврдат: Зидан се враќа, во игра се два клуба!

Шпанците тврдат: Зидан се враќа, во игра се два клуба!

Легендарниот фудбалер и тренер, Зинедин Зидан на крајот од сезоната ќе го преземе ПСЖ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на „светците“, Кристоф Галтие на крајот од сезоната ќе добие отказ, а на негово место ќе седне Зидан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Постојат два клуба кои се опција за Зидан. Колку и тоа изненадувачки да звучи, едниот е Реал. Зидан има одличен однос со претседателот Флорентино Перез. Вториот клуб кој е заинтересиран за Зидан е ПСЖ. Зидан И минатото лето преговараше со ПСЖ“, пишува „Мундо Депортиво“.

Евентуално доаѓање на Зидан во ПСЖ би довело до бројни промени во тимот на шампионот на Франција, а се најавува дека негов прв поголем потег би бил заминување на Нејмар.

Зидан беше тренер на Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година, со клубот од Мадрид освои 11 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…