Дома Фудбал Шпанците тврдат: Договор е постигнат, Валверде е пред нов ангажман!

Шпанците тврдат: Договор е постигнат, Валверде е пред нов ангажман!

Eрнесто Валверде после шест месеци ќе се врати на тренерската работа.

Искусниот стратег е слободен од кога доби отказ во Барселона, а сега изгледа одново ќе работи во Валенсија. Во претходните денови Валверде и неговите соработници преговараа со Валенсија и се води кон тоа дека Валверде ќе седне на клупата на овој шпански клуб.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Валенсија е во криза после паузата и во клубот веруваат дека токму Валверде е најдобра опција да ги врати на старите патеки.

Името на Валверде е исклучително ценето во шпанскиот фудбал. Тој освои две титули во низа со Барселона, шпански куп и Суперкуп на Шпанија. Претходно со голем успех ги водеше Атлетик Билбао и Олимпијакос.

Медиумите во Шпанија тврдат дека е само прашање на денот кога Валверде ќе биде именуван за тренер на Валенсија. Во овој момент Валенсија се наоѓа на осмата позиција во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…