Дома Фудбал Репрезентации Шпанците открија зошто Морено не остана помошник на Енрике

Шпанците открија зошто Морено не остана помошник на Енрике

Фудбалскиот сојуз на Шпанија пред неколку дена ја изненади јавноста со одлуката да го отпушти Роберто Морено и на селекторското место да го врати Луис Енрике.

Морено пред неколку месеци ја презема Шпанија од Енрике кој си замина поради приватни проблеми. Откако Шпанците се пласираа на ЕП изненадувачки сојузот го врати Енрике.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После смртта на неговата ќерка Енрике одлучи да се врати и покажа желба повторно да ја води Шпанија.

Уште повеќе изненади тоа што Морено не доби место ниту во стручниот штаб на Енрике и во овој момент е без ангажман.

Се пишуваше дека двајцата тренери не биле во добри односи, меѓутоа сега „Марка“ открива дека тоа не е причината што не соработуваат.

Познатиот шпански медиум објави дека Енрике и Морено се во добри односи и донеле одлука да не соработуваат затоа што не се согласувале за поголемиот дел од работите како што се фудбалската филозофија и изборот на играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…