Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шпанците го објавија списокот за ЕП, отпадна младата ѕвезда на Барса

Шпанците го објавија списокот за ЕП, отпадна младата ѕвезда на Барса

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте избра 26 играчи за Европското првенство во Германија.

Младиот, 17-годишен дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси е изоставен од репрезентацијата, заедно со Маркос Љоренте и Алеис Гарсија од Атлетико Мадрид и од Џирона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Голмани: Унај Симон (Атлетик), Давид Раја (Арсенал) и Алекс Ремиро (Реал Сосиедад).

Одбрана: Хесус Навас (Севиља), Робин Ле Норманд (Реал Сосиедад), Алехандро Грималдо (Баер Леверкузен), Дани Карвахал и Начо Фернандес, Марк Кукуреља (Челси), Ајмерик Лапорте (Ал Наср) и Даниел Вивијан (Атлетик Билбао).

Среден ред: Родри Ернандез (Манчестер сити), Мартин Субименди и Микел Мерино (Реал Сосиедад), Фабијан Руиз (ПСЖ), Алекс Баена (Виљареал), Педри и Фермин Лопес (ФК Барселона).

Напад: Ламине Јамал ​​и Феран Торес (Барселона), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад), Нико Вилијамс (Атлетико Билбао), Хоселу (Реал Мадрид), Дани Олмо (РБ Лајпциг) и Ајосе Перез (Реал Бетис).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шефовите на Манчестер Јунајтед му поставиле ултиматум на Аморим, веќе има список со потенцијални заменици

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим има на располагање три натпревари за да ја сп…