Франција синоќа ја победи Шпанија во финалето од Лигата на нации (2:1), но победоносниот гол на Мбапе крена голема полемика.




Имено, Мбапе постигна гол во 81-та минута, но се чини дека беше од офсајд позиција, а судијата Кејлор покажа на центар.




ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
„Додавањето на Тео одеше зад мојот грб и јас се фрлив и ја допрев топката со врвот на копачката. Мбапе беше во офсајд и нема што да се додаде повеќе. Судијата ми рече дека намерно сум ја удрил топката и со тоа започнала нова акција. Ми рече дека не сум требал да реагирам, сум требал да ја пропуштам топката, такво било правилото. Но ова е класичен офсајд, немам дефанзивец што нема да реагира и ќе остави на случајноста“, изјави Гарсија.




„Ми се чини дека голот на Мбапе беше од офсајд, но нема смисла да коментирам нешто што не можам да го контролирам“, изјави Луис Енрике.