Лионел Меси изминатото лето беше на чекор од заминување од Барселона.
Направи Аргентинецот вистински хаос кога побара да замине, клубот не му дозволи, работата требаше да оди на суд, а Меси не сакаше се да се заврши на тој начин и се откажа. Наредното лето ќе биде слободен играч и доколку се уште има желба да замине тогаш Барселона нема да може ништо да направи.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во интервјуто за телевизијата „Ла Секста“ пред неколку дена Меси и самиот призна дека и тој не знае што ќе се случува на крајот од сезоната.
„Не знам дали ќе ја напуштам Барселона, за тоа ќе зборуваме на крајот од сезоната. Се надевам дека ќе бидам дел од клубот кога ќе се пензионирам. Би сакал еден ден да играм во Америка, сепак не сум сигурен дали тој сон ќе ми се оствари“, изјави Меси.
Шпанскиот новинар Хозе Антонио Понсети тврди дека токму тоа ќе се случи и тоа во 2023 година. Меси според неговите зборови ќе заигра за Интер Мајами.
„Меси сака да оди во Мајами и тоа мислам дека ќе се случи во 2023 година, тој сака неговите деца да се образуваат таму“, изјави Понсети.4
📻🔴🔵 @PonsetiRadio, sobre el futuro de Messi en EE.UU.
— El Larguero (@ellarguero) December 29, 2020
🔙"Hace año y medio, Messi estaba en mi mismo barrio comprando un apartamento en el edificio Porsche"
💰"Si ha pedido todo lujo de detalles el precio no está por debajo de los 8 millones de euros"https://t.co/cyeReyyReI pic.twitter.com/vFRqx4PcSL