Дома Фудбал Репрезентации Шпанскиот селектор во солзи се појавил во соблекувалната: Отпуштен сум!

Шпанскиот селектор во солзи се појавил во соблекувалната: Отпуштен сум!

Роберто Морено повеќе не е селектор на репрезентацијата на Шпанија!

Овој 42 годишен стратег го замени Луис Енрике на оваа позиција во текот на квалификациите за Европското првенство и работеше навистина одлично, а „Црвената Фурија“ го обезбеди пласманот на Европското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа после вчерашната победа над Романија, Морено добил отказ. Според информациите на шпанските медиуми, Морено во солзи влегол во соблекувалната и им соопштил на играчите дека е отпуштен.

Потоа тој одби да се појави и на официјалната прес-конференција. За денес е најавена уште една конференција на која Фудбалскиот сојуз ќе го претстави новиот селектор.

Тоа ќе биде повторно Луис Енрике. Постигнат е договор за негово враќање на клупата откако си замина пред неколку месеци поради болеста на неговата ќерка и тој ќе ја води Шпанија на ЕП.

Морено долги години работеше со Енрике, меѓутоа ова сигурно ќе влијае на него, па ќе видиме дали ќе соработува и понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…