Дома Трансфер зона Шпанската престолнина на гости го има првиот човек на ПСЖ: Дали оваа посета наговестува нов трансфер?!

Шпанската престолнина на гости го има првиот човек на ПСЖ: Дали оваа посета наговестува нов трансфер?!

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи стигна во Мадрид и предизвика голема фама во Шпанија.

Ел Мундо Депортиво смета дека најверојатно е дојден по Јан Облак кој францускиот првак го посакува на својот гол. Голманот на Атлетико, има откупна клаузула во договорот од 100 милиони евра и како што се наведува истата ПСЖ се подготвени да ја активираат и да се засилат за следната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Втората можна причина е Томас Муние, Белгиецот кој би можел од ПСЖ да премине во Реал Мадрид, кој трага по нов бек, а секако не е исклучена можноста во прашање да е некој друг играч на Реал или ПСЖ.

Покрај тоа, не е исклучено Ал Келаифи да завршува некои работи околу неодамнешниот трансфер на Нејмар од Барселона, кој изнесуваше 222 милиони евра. Одговорот се чини ќе го добиеме за некој ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…