Килијан Мбапе и официјално стави потпис на договорот со Реал Мадрид и денеска ќе го има своето официјално претставување. Французинот утрово прво ги помина медицинските прегледи, а потоа и стави потпис на договорот во друштво со Флорентино Перез. Договорот кој го потпиша Мбапе е на пет години. Во Реал Мадрид, Мбапе пристигнува како слободен фудбалер по заминувањето од ПСЖ.
Моментот кој се чекаше: Мбапе потпиша!
