Дома Останати Ракомет Шпанија постави нов рекорд на ЕП во ракомет

Шпанија постави нов рекорд на ЕП во ракомет

Ракометната репрезентација на Шпанија е новиот рекордер во однос на последователните победи на Европските првенства.

Со победата над Чешка (31:25) во првиот натпревар од втората групна фаза Шпанија стигна до седмата последователна победа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шпанците се актуелен шампион на Европа. Во 2018 година тие во завршницата ги совладаа Германија, Франција и во финалето Шведска со резултат 29:23.

Серијата победи продолжи во 2020 година. Во првата групна фаза паднаа Латвија, Германија и Холандија, а вчера беше совладана и Чешка.

Следниот противник за Шпанија ќе биде еден од домаќините на турнирот, репрезентацијата на Австрија. Тој натпревар се игра во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Хит во Германија: Навивачи украдоа кабли, судијата не можеше да гледа ВАР (Видео)

Двајца маскирани хулигани украле ВАР кабли за време на натпреварот од 2. Бундеслига во Гер…