Алваро Мората го напушта Јувентус, а изгледа дека кариерата може да ја продолжи во редовите на лондонски Арсенал.




Шпанскиот весник „Спорт“ пренесува дека 29-годишниот напаѓач ги договорил сите услови со лондонскиот клуб и наскоро ќе отпатува за Лондон за да потпише договор. Мората во Арсенал доаѓа од Атлетико Мадрид со кој беше под договор, а вредноста на трансферот би требало да изнесува 30 милиони евра.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
За шпанскиот напаѓач ова би било враќање во Премиер лигата после три години. Во Англија Мората претходно го носеше дресот на Челзи каде што баш и не се прослави.




Мората во последните две години играше како позајмен во Јувентус. Торинскиот клуб сепак не сакаше да издвои 30 милиони евра за неговиот потпис и ќе бара други опции.