Дома Останати Тенис Шок за славната тенисерка: Повторно има рак…

Шок за славната тенисерка: Повторно има рак…

На легендарната тенисерка Крис Еверт повторно и е дијагностициран рак на јајниците и ја чека нова борба.

Во петокот Еверт објави дека започнала нова рунда на лекување и поради тоа нема да биде дел од Австралија Опен како аналитичар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е дијагноза која што сакав никогаш повеќе да не ја слушнам, но сепак сум среќна што го го забележавме во рана фаза“, објави Еверт.

Минатата недела Еверт била оперирана и сега ја чека период во кој ќе оди на хемотерапија. Во кариерата таа освои 18 грен-слем титули, а најави дека ќе биде подготвена да дава своја стручна анализа за следните големи турнири.

Првпат кај неа и беше дијагностициран рак во 2021 година, а во јануари оваа година објави дека е излечена, но болеста сега се враќа. Во 2020 година нејзината сестра почина токму од рак на јајниците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал откажал тренинг, се помалку шанси да игра на ОИ

На жрепката за Олимписките игри Рафаел Надал дозна дека доколку го победи Фучович во првот…