Бразилескиот репрезентативец Габриел Жесус пред нешто повеќе од една година пристигна во Манчестер Сити и одлично се вклупи на „Етихад“.
Челниците на Манчестер Сити одлучија да му го продолжат договорот на Брзилецот со цел да ја зголемат откупната клаузула, но и да му дадат повисока плата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Но, според пишувањата на англиските медиуми „граѓаните“ добиле неочекувани проблеми бидејќи Габриел Жесус го одбил новиот договор.
Имено, „Сан“ пренесува дека Манчестер Сити му понудил нов договор до 2023 година и неделна плата од 90.000 фунти, но Бразилецот го одбил тоа.
Жесус со актуелниот договор на „Етихад“ заработува 65.000 фунти неделно и порачал преку своите менаџери дека ќе го продолжи договорот, но само под услов да добива најмалку 100.000 фунти неделно.