Дома Останати Тенис Шок за Алкараз: Елиминиран во четвртфиналето во Мајами!

Шок за Алкараз: Елиминиран во четвртфиналето во Мајами!

Григор Димитров приреди големо изненадување на турнирот во Мајами откако во два сета успеа да го победи Карлос Алкараз и така обезбеди место во полуфиналето.

Алкараз бидејќи Ѓоковиќ не учествуваше беше прв носител на турнирот, меѓутоа против Димитров изгледаше немоќно. Бугарскиот тенисер го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Димитров до победата дојде во два сета, првиот го доби со 6:2, а во вториот исто така направи два брејка, меѓутоа и загуби еден на свој сервис (6:4).

Противник на Димитров во полуфиналето ќе му биде Александар Зверев кој претходно со 2:0 беше подобар од Марошан (6:3, 7:5).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…