Дома Фудбал Италија Шок во Италија: Четири години затвор за еден од сиболите на калчото!?

Шок во Италија: Четири години затвор за еден од сиболите на калчото!?

Пресудата во октомври, обвинителство нема милост…

Ова ќе биде долго лето за еден од сиболите на италијанскиот фудбал, Фабрицио Миколи, кој би можел да добие затворска казна од четири години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Толку обвинителството бара. Миколи преку својот пријател Мауро Ларичеле кој е син на мафијашки бос од кланот Калс во Палермо сакал со мафијашки методи принудно да наплати долг од 12.000 евра кој му го позајмил на пријател за да вложи во дискотека.

Мафијата користела брутални методи, а се сеќавате дека Миколи во прв случај тврдеше дека не познава мафијаши, се додека не беше соочен со доказите, поточно телефонски разговори. Тогаш во солзи одржа конференција за новинарите, на која истакна дека мислел ништо лошо и дека нема врска со мафијата.

Миколи забележа десет настапи за „Аѕурите“, настапуваше за Јувентус, Фиорентина, Палермо, Бенфика, а се пензионираше во Биркиркара од Малта на крајот на 2015 година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Педри со совет до Јамал: Немој да брзаш, тоа е најлошо!

Педри од своето неодамнешно искуство со повредата, го советуваше Ламин Јамал да не избрзув…