Во јавноста во Италија се уште актуелна тема е нападот врз фудбалерот Пабло Мари кој како позајмен играч од Арсенал настапува во Монца.
Пабло Мари се нашол во маркетот во кој нападнал извесниот Андреа Томболини. Напаѓачот во полицијата го призна делото во кое повреди шестмина, а y6и едно лице. Освен тоа тој потенцираше дека го препознал Мари и не го нападнал случајно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, го препознав дека станува збор за Мари. Кога го препознав кај мене се појави љубомора затоа што тој е добро, а јас сум болен. Го пpoбодев со нож, можев тука да застанам, но не знам зошто ги нападнав и другите“, изајви Томболини.
На Томболини ќе му се суди за y6иство и обид за y6иство, додека Мари беше пуштен од болницата и на терените би требало да се врати за околу два месеци.