Дома Топ вести Шокантно признание: Две години играм и тренирам со катетар

Шокантно признание: Две години играм и тренирам со катетар

Играчот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез после две години од повредата зборуваше за ризикот на кој секојдневно го изложува својот живот играјќи фудбал.

Шпанецот пред две години во дуелот против Леверкузен во ЛШ заработи повреда на бубрегот поради која, како што вели, веќе две години носи катетар.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во разговор за шпанските медиуми Нигез зборуваше за проблемите со бубрегот поради што цело време мора да носи катетар и призна дека после секој тренинг и натпревар мокри крв.

„Имам голема желба да играм за првиот тим, за Атлетико, но поради тоа константно се „коцкам“ со животот. Се сеќавам на секој детал од повредата – како се чувствував, колку пати повраќав додека бев на носилки“, раскажува Нигез.

Нигез се повреди во судирот со дефанзивецот Пападопулос кој ненемерно го шутна во штомак. Поради внатрешно крварење настрада бибрегот на Шпанецот, кој помина 3 дена во болница.

После 40 дена се врати на тренинзите, но стана јасно дека катетарот ќе стане составен дел од неговиот живот и дека ќе мора да го носи на секој тренинг и натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Почнува ремонтот во Манчестер: Јунајтед купува фудбалер од 70 милиони евра

Манчестер јунајтед е во завршна фаза на трансферот на Матеус Куња (25) од Вулверхемптон. С…