Дома Фудбал Останато Ширер, Линекер и Фердинанд имаат ист фаворит за освојувањето на Европското првенство

Ширер, Линекер и Фердинанд имаат ист фаворит за освојувањето на Европското првенство

Утре со натпреварот помеѓу Италија и Турција започнува Европското првенство кое за нас е посебно затоа што за првпат на еден голем фудбалски турнир ќе ја гледаме и Македонија.

На големо ширум Европа се даваат прогнози кој на крајот ќе се искачи на тронот на Европа, а ангиските легенди

Рио Фердинанд, Алан Ширер и Гери Линекер имаат исто мислење. Сите тројца сметаат дека Франција ќе стане европски шампион.

„Франција ми е најголемиот фаворит. Имаат навистина талентирани играчи на секоја позиција“, започна Ширер.
„Французите имаат најширок и најквалитетен ростер и за мене тие се најголеми фаворити“, продолжи Фердинанд.

„Тешко е да се издвои некој друг. Го изгубија финалето пред пет годсини, па го освоија Светското првенстов, сега е вратен и Бензема. Нивниот напредок се гледа затоа ми се омилени“, се согласи Линекер со двајцата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…