Дома Фудбал Останато Шеф на албанска банда: Не го ограбив Меси бидејќи го почитувам

Шеф на албанска банда: Не го ограбив Меси бидејќи го почитувам

Еден од криминалците кој со години ги ограбува домовите на познатите во интервју за шпанскиот весник „Ел Еспанол“ откри како го направил тоа.

Во подкаст, криминалец кој се претставува како Алберто зборуваше за кражбите во домовите на Карим Бензема, Кристиано Роналдо и Серхио Рамос.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го ограбивме Карим Бензема, а еднаш се обидовме да го ограбиме и Кристијано Роналдо. Упаднавме во неговата куќа во Мадеира, но пленот што го најдовме таму не беше примамлив. Пред 11 години упаднавме во куќата на Јохан Кројф, не ни знаевме дека е негова. Сфативме чија е кога ги видовме фотографиите на ѕидовите. Успеавме да украдеме вредни предмети од околу 20 илјади евра“, изјави Алберто.

Лидерот на албанско-косовската мафија, кој во моментот е во бегство, откри и дека не сакал да се согласи да го ограби Меси бидејќи го почитува.

„Не толку одамна, пред речиси една година беше планиран и грабеж на неговите родители. Меси во тој момент беше во Париз. Отидов да ја разгледам целата ситуација бидејќи многу добро го познавам и многу добро ја познавам областа. Не го сакав тоа, од почит кон Меси, не го направив тоа затоа што се грижам за него, точка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…