Дома Фудбал Англија Шесткратниот англиски шампион добива нов газда – 22 годишно момче!

Шесткратниот англиски шампион добива нов газда – 22 годишно момче!

Славниот клуб Сандерленд кој денес се натпреварува во англиската Лига 1, третото по ранг натпреварување во Англија според информациите добива нов сопственик.

Како што пренесува британскиот „Скај Спорт“, Стјуарт Доналд ќе го продаде својот најголем дел од акциите, а нов сопственик ќе стане Кирил Луи-Драјфус син на поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј Роберт Луи-Драјфус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интересно е што новиот прв човк на Сандерленд има само 22 години и се очекува пред Нова година да седне на функцијата.

Неговиот татко на чело на Марсеј беше 10 години, од 2006 до 2016 година.

Англиската фудбалска асоцијација и понатаму треба да ја одобри оваа продажба, документацијата веќе е предадена.

Сандерленд во својата историја шест пати бил шампион на Англија, последен пат во 1936 година. Само Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Евертон и Астон Вила освоиле повеќе титули во најсилната англиска конкуренција од „црните мачки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…