Дома Фудбал Италија Официјално: Шевченко е новиот тренер на Горан Пандев

Официјално: Шевченко е новиот тренер на Горан Пандев

Легендарниот напаѓач Андреј Шевченко е нов тренер на Џенова, потврди денес најстариот италијански клуб.

Шевченко потпиша договор со Џенова до јуни 2024 година со годишна нето плата од два милиони евра плус бонуси.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шевченко беше селектор на Украина, позицијата ја напушти по завршувањето на Европското првенство и ова за него ќе биде прв тренерски ангажман во клуб.

Помошник на Шевченко ќе му биде неговиот соиграч од времето кога настапуваше за Милан, Мауро Тасоти, а ќе дебитира во Серија против Рома после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Ирска откри што му кажал Роналдо по инцидентот со лакот

Фудбалерите на Португалија во четвртокот не ја искористија можноста да обезбедат пласман н…