Дома Фудбал Останато Шевченко потсети на сцена од пред две децении – мајсторски го матираше Буфон! 🎥

Шевченко потсети на сцена од пред две децении – мајсторски го матираше Буфон! 🎥

Андреј Шевченко и Џанлуиџи Буфон оставија длабока трага во историјата на фудбалот, а сега овие две големи имиња повторно беа на спротивна страна.

Двајцата се веќе во пензија, Буфон од неодамна, Шевченко веќе неколку години. Сега заиграа на ревијален натпревар во Словенија организиран од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Натпреварот имаше хуманитарен карактер да се соберат средства за помош на Словенија која во август се соочи со големи поплави.

Шевченко и Буфон играа во различни екипи, а имаа и соочување кое потсети на едни други времиња. Украинецот мајсторски од пенал успеа да го надмудри својот некогашен голем ривал.

КАКО БЕШЕ ПРЕД ДВЕ ДЕЦЕНИИ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик потпишува нов договор и бара уште четири важни потписи во Барселона

Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата под водс…