Искусниот швајцарски интернационалец, Џердан Шаќири би можел ова лето да се врати во Европа и да потпише за тимот на Панатинаикос.
Порталот „СДНА“ кој важи за близок до Панатинаикос најави дека Шаќири е приоритет на „зелените“, додека идентични информации дека Шаќири сигурно заминува од Чикаго Фајр објавија и некои швајцарски медиуми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шаќири има 32 години, а во саботата беше елиминиран од Европското првенство со Швајцарија по изведување на пенали против Англија.
Интересно е и што ако потпише за Панатинаикос Шаќири ќе игра со тројца српски фудбалери (Филип Младеновиќ, Филип Ѓурикиќ и Немања Максимовиќ), а познати се неговите провокации во натпреварите со Србија.
Пред Чикаго Фајр, Шаќири играше за: Базел, Баерн, Интер, Стоук, Ливерпул и Лион.