Дома Останати Кошарка НБА Шампион со големо срце: Дончиќ собра 2 милиони за лекување на дете!

Шампион со големо срце: Дончиќ собра 2 милиони за лекување на дете!

Новата НБА ѕвезда, Лука Дончиќ покажа дека не само што е голем кошаркар, туку и човек со големо и хумано срце.

Дончиќ блеска на терените во НБА лигата, но надвор од паркетот направи уште поголем потег со кој го воодушеви целиот свет.

Тој се сретна со 22-месечното дете од Словенија, Крис, кое боледува од ретка болест на мускулите. За жал, болеста е генетска и се открива во шестиот месец од животот и се манифестира со тоа што бебињата имаат мускулни слабости, како што се пробелми со дишење и голтање.

Дончиќ донираше два милиони евра, а понуди и потпишана спортска опрема на аукција. Ги повика сите луѓе на социјалните мрежи да му помогнат на малиот Крис, а веќе за детето се собрани четири милиони евра.

„За мене многу е поважно тоа што го направи, отколку што игра кошарка. Затоа што со тоа покажа дека е голем и добар човек“, порача мајката на Дончиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Најдобриот шахист во светот е еден од најголемите мајстори на Фантази Премиер лигата

Човекот кој доминира во шахот веќе една деценија, Магнус Карлсен одлично го познава и фудб…