Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одличен натпревар за Шалке 04 кој славеше на гости кај Сандхаузен и така го преземе врвот во втората Бундеслигата.
До врвот на табелата Шалке дојде поради киксот на Вердер Бремен, а двата гола во триумфот од 2:1 против Сандхаузен беа дело на Тероде, но важна улога одигра и Чурлинов. Првиот гол Тероде го постигна откако се најде на вистинското место после погодената статива на Чурлинов.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голот за победа во 91. минута Шалке го постигна токму од акција која тргна преку македонскиот фудбалер кој го пронајде Идризи, а тој му асистираше на Тероде.