Дома Останати Ракомет Чудо или нешто друго? Ракометен натпревар во Србија заврши 86:15

Чудо или нешто друго? Ракометен натпревар во Србија заврши 86:15

Чуден резултат беше забележан во српското ракометно првенство.

ЖРК Темерин на домашен терен против ЖРК Равангард на 30. април во рамките од Првата лига на Војводина славеше со 86:15, додека на полувремето беше 43:5. Првиот дуел во шампионатот помеѓу овие две екипи заврши со нормален резултат 33:19.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Што се случи сега?

Равангард за овој натпревар имаше само седум ракометарки, но тоа можеби не е единствената причина. Темерин се бори со Рум за пласман во повисок ранг, ќе одлучува гол-разликата затоа што двата нивни меѓусебни дуели завршија со нерешен резултат.

Рум пред ова кола имаше значајно подобра гол разлика и тоа за 58 бодови, но таа разлика сега значително е намалена иако овој тим славеше против Мокрин со 47:18. Сега таа разлика изнесува само 16 голови, а до крајот на сезоната има уште две кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров пред Мундијалот: Не се плашиме од никого!

Во македонската ракометна репрезентација владее самодоверба пред новото Светскот првенство…